Петар Печков
Објавено: четврток, 22 септември 2011
Меѓународниот тим научници успеа да регистрира неутрино честички кои се движат побрзо од светлината, изјави денеска нивниот портпарол, наведувајќи дека тоа би можело да го „разниша“ еден од фундаменталните принципи на физиката.
Антонио Ередитато од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) рече дека тригодишните мерења покажале дека неутрините се движат 60 наносекунди побрзо од светлината на оддалеченост од 730 километри меѓу Женева и италијанскиот град Гран Сасо.
- Нашите резултати се исклучително веродостојни, но е потребно и другите колеги да ги извршат тестирањата за да ги потврдат, наведе Ередитато.
Доколку дојде до потврда, ова откритие ќе го собори клучниот дел на „специјалната теорија на релативноста“ на Алберт Ајнштајн од 1905 година според која ништо во универзумот не се движи побрзо од светлината.
Tweet |